Во согласност со програмата за работа и во насока на унапредување на теренската настава и применетите географски истражувања, Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, во соработка со Институтот за национална географија при Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје (УТМС), организира дводневен теренски практикум во Малешевскиот регион.

Настанот претставува континуитет на заедничките активности на ЗПГМ и Институтот, чија цел е да се овозможи практична примена на географските знаења, запознавање со природно-географските и социо-економските особености на источниот дел на државата, како и размена на професионални искуства меѓу наставниците и истражувачите.

Теренскиот практикум се реализираше на 21 и 22 јуни 2022 година, а беа опфатени посети на значајни географски, природни и туристички објекти во Малешевскиот регион, како и средба со колеги од образовните институции во регионот.

Со оваа активност, Институтот за национална географија ја потврдува својата заложба за практична едукација, теренски истражувања и промоција на географската наука во Република Македонија.