Научно-истражувачки активности

  1. Спроведување истражувачки студии во областите како што следува: физичка географија (геоморфологија, кватернарна палеогеографија, хидрологија, климатологија, геоекологија и заштита на животната средина), социо-економска географија (урбана и популација географија, географија на земјоделството и руралните области, географија на индустријата, транспорт и услуги), политичка географија, картографија, просторна организација, локален и регионален развој,
  2. Обука на научен кадар и истражувачки работници, како и специјалисти со високи квалификации во географските науки,
  3. Поддршка на млади истражувачки работници кои ја започнуваат својата научна кариера,
  4. Споделување на наодите од студиите со владините институции и локалните власти за да ги искористат во пракса во корист на економијата,
  5. Промовирање меѓународна научна соработка преку спроведување истражувачки проекти заедно со странски партнери, како и учество во научни конзорциуми,
  6. Ширење на знаењето стекнато преку истражувачките работи спроведени во Институтот,
  7. Издавачки активности. 

 

Области

УТМС Институтот за национална географија својата дејност во рамките на научноистражувачките активности ги развива и изведува во областите:

  • Физичкa географија, во која се истражуваат сите физичко-географски дисциплини, со фокус на физичко географско истражување на природните и геоеколошките процеси во Република Македонија, како истражување на ерозивно-денудационите процеси, процесите на наклон и хидрогемоморфолошките процеси;
  • Општествена географија, во која се опфатени истражувања за населението, популацијата и антропогеографските истражувања;
  • Регионална географија за истражување на просторното планирање и животната средина, која опфаќа основни и применети географски истражувања за Република Македонија и нејзините предели, ги подготвува основните географски монографии за Република Македонија, како земја и како дел од светот и развива географска терминологија;
  • Заштита на животната средина, со фукус на истражувањата во областа на заштитата на животната средина и природата, пејзажната екологија, хуманата екологија, земјоделството, градовите, хидрогеографијата, постојаното искористување на природните ресурси, управувањето и економичноста со отпадот, еколошката инфраструктура и јавната свест;
  • Картографијата и просторното планирање, за подготовка на база на податоци, обработка на податоци, дизајн и изработка на тематски карти, објавување на карти и историска картографија;
  • Природни непогоди, и се однесува на продлабочување на истражувањата на природните непогоди и ризици во Република Македонија, од гледна точка на физичката и човечката географија;
  • Географските информациски систем (ГИС), за развој и подготовка на географските информациски системи како поддршка на различни проекти;
  • Човечка географија, и се однесуваат на истражувања во областа на човечката и економската географија, регионалното планирање и применетата географија.

 

Значајно за функционирањето и промoцијата на дејноста на УТМС Институтот за национална географија е постоењето на:

  • Географски музеј, во кој се собираат, организираат и чуваат географски и картографски архивски материјали, и 
  • Географска библиотека, во која се собираат, организираат и чуваат публикации од областа на географијата.

 

Насоки на дејствување


Насоки на дејствување на Институтот:

  • посветеност кон највисоките стандарди во научните истражувања во областа на општествените, природно-математичките и техничко-технолошките науки;
  • вклучување во европскиот круг на научноистражувачки и високообразовни институти;
  • развој на највисоки истражувачки и етички начела;
  • континуирано зајакнување на компетенциите на наставно-научниот, научниот и соработничкиот кадар и привлекување на кадар со пошироко-национално, регионално и меѓународно реноме;
  • високо ниво на квалитет во истражувањата и практиката, науката и образованието;
  • наставна дејност која ги подготвува студентите да одговорат на предизвиците на пазарот на трудот и промените во опкружувањето.

 

Вредности

Својата образовна и научно истражувачка работа Институтот ја темали на основните вредности за квалитетот на научната работа и начелата на етика, независност, непристрасност и релевантност на истражувањата.

Контакт

Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија

+389 02 3093209

Добивајте новости

Please fill the required field.