УТМС Институтот за национална географија, во соработка со ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно ги следи актуелните процеси и состојби поврзани со новиот Концепт за основно образование.
Во таа насока, беше одржан состанок со членови од неколку региони, на кој беа разгледани и усвоени заклучоци и предлози кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука.
Овие активности претставуваат дел од статутарните цели на здружението и потврдуваат дека Институтот за национална географија останува посветен на подобрување на образовните политики, развојот на наставата по географија и унапредување на квалитетот на наставниот процес во основното образование.
Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209