Во духот на зајакнување на професионалната и научната соработка, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ и УТМС Институтот за национална географија потпишаа Договор за стратешка соработка.
Целта на овој договор е унапредување на географската наука, наставата и применетите истражувања во Република Македонија, како и поттикнување на активности од заемен интерес во областа на образованието, истражувањето и јавната промоција на географијата.
Преку овој договор, страните се обврзуваат на:
* заедничка организација на научни и стручни собири, семинари и конференции;
* поддршка на проекти во областа на географијата и одржливиот развој;
* размена на искуства, наставни материјали и експертиза;
* промоција на географијата во образованието и општеството.
Со овој чекор се создава основа за подлабока соработка меѓу академската заедница, наставниците и истражувачите, во насока на подигнување на квалитетот на географското образование и истражување.
Договорот беше свечено потпишан на ден 24.02.2020 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.
Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209