Во свечена атмосфера, на 9 јуни 2022 година, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, беа прогласени најуспешните ученици на државниот натпревар по географија за 2021/2022 година. Настанот се реализираше во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, со силна стручна и логистичка поддршка од УТМС Институтот за национална географија.
Најдобрите ученици од шесто до деветто одделение добија дипломи, пофалници и вредни награди – лаптопи, мобилни телефони и таблети. Настанот беше поддржан преку Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“, како дел од активностите за поттикнување на младите таленти и развој на географското образование во Македонија.
Институтот за национална географија при УТМС и понатаму ќе продолжи со својата мисија за унапредување на географската наука, практичната настава и афирмација на младите географи во земјата.












Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209