Во рамки на своите активности за образовно и стручено унапредување, УТМС Институтот за национална географија, во соработка со ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, организираше едукативен отворен час по повод 21 мај – Светскиот ден на културната разноликост, разговор и дијалог. Настанот беше наменет за размена на знаења, дружење и практична примена на концептот за културна и лична разноликост.
Часот започна со вовед од Анета Чаковска, која ги објасни значењето и вредноста на овој ден преку бројни примери од светски култури. Станка Арнаутова претстави практичен пример од ООУ „Јашар Беј – Шкупи“, вклучувајќи ученици од различни националности во заеднички проект. М-р Бети С. Трајковска го прикажа дел од културното богатство на Франција преку презентација на традиционалната кујна и квалитетните француски сирења. На крај, м-р Марина Стојмирова ја презентира разноликоста на народите кои живеат во планинските предели на Андите, Хималаите, Килиманџаро, како и на Јуруците во Македонија.
Со оваа активност, Институтот за национална географија при УТМС ја потврди својата улога во организација и поддршка на едукативни настани, кои го промовираат почитувањето на културните разлики и развојот на интеркултурни компетенции кај наставниците и учениците.

Бул. Партизански одреди, бр.99, Скопје, Македонија
+389 02 3093209