Во периодот од 1.07 до 4.07.2025 година, успешно се реализира тридневниот теренски практикум за професори по географија во Унгарија и Србија, во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со поддршка од Институтот за национална географија на УТМС.

Програмата опфати интегрирано изучување на природни, културни и урбани содржини преку посета на Будимпешта, езерото Балатон и Палиќ. Учениците имаа можност да се запознаат со архитектонското, историското и туристичкото наследство на регионот, како и со природно-географските особености на Централна Европа.

УТМС Институтот ја обезбеди стручната поддршка и координација на теренските активности, овозможувајќи професорите да ги унапредат своите теренски компетенции, да развијат критичко размислување и интеркултурна свест, како и да интегрираат практични теренски искуства во наставата по географија.

За време на теренската екскурзија, учесниците имаа можност да учат и да се стекнат со практични сознанија преку обука водена од: директорот на Институтот проф. д-р Благој Цонев, асс. м-р Марина Стојмирова и асс. м-р Јулијана Петровска.

Обуката беше реализирана под покровителство на УТМС Институтот за национална географија – Скопје, со цел развивање на професионалните компетенции на наставниците по географија и анализа на просторните и економските трансформации во централноевропски контекст.