10 години посветеност, одговорност и достоинство – улогата на УТМС Институтот за национална географија

На 21.12.2024 година, во преполн амфитеатар на Универзитетот Скопје, се одржа 11-тата јубилејна седница на Собранието на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, по повод 10 години од формирањето на здружението.

Со поддршка на УТМС Институтот за национална географија, членовите имаа можност да следат видеообраќање на проф. д-р Жу Јашионг од Универзитетот за образование во Жеџијанг, Кина, како и предавања и излагања од високо дипломатско ниво, што овозможи интернационална перспектива и поттик за професионален развој.

Институтот, како и досега, игра клучна улога во поддршката и афирмацијата на наставниците по географија, обезбедувајќи стручно водство, меѓународни контакти и платформа за размена на искуства, со цел унапредување на образованието и научните активности во Република Северна Македонија.