АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ОБУКА

Наслов: Теренски пристап кон геоекономските трансформации: Будимпешта и просторно-економскиот развој на Унгарија
Таргет група: Професори по географија од основно и средно образование
Организатор: УТМС – Институт за национална географија
Предавач: доц. д-р Благој Цонев
Времетраење: 2 дена (еднодневна теоретска + еднодневна теренска работа / анализа)

1. Цели на обуката

  • Да се зајакнат компетенциите на професорите за примена на теренски методи во наставата по економска и регионална географија.
  • Да се анализираат современите геоекономски трансформации во Унгарија, со фокус на Будимпешта.
  • Да се демонстрираат методи за теренски истражувања, просторно моделирање и анализа на урбан развој.
  • Да се развијат наставни активности кои професорите ќе можат да ги применат со ученици.

2. Методологија

  • Предавања со презентации
  • Работа во групи
  • Анализа на картографски материјали, статистички податоци и ГИС
  • Теренска симулација / анализа врз основа на реални податоци од Будимпешта
  • Дискусија и рефлексиј

3. Опис на активности

ДЕН 1 – Теоретски дел (4 часа)

Модул 1: Геоекономски карактеристики на Унгарија (60 мин.)

  • Позиција и геостратегиска важност
  • Главни економски сектори
  • Насоки на територијален развој

Модул 2: Будимпешта како геоекономски центар (90 мин.)

  • Урбан морфологија и просторно планирање
  • Инфраструктурни коридори
  • Инвестиции, туризам, индустриски зони

Модул 3: Теренски пристап во географијата (60 мин.)

  • Методологија на теренско истражување
  • Анализа на пример: просторно економски модел на Будимпешта
  • Користење на ГИС за анализа на урбан раст

Модул 4: Примена во наставата (30 мин.)

  • Наставни активности за ученици
  • Интердисциплинарни примери

ДЕН 2 – Теренска/апликативна работа (4 часа)

Модул 5: Анализа на просторни трансформации (90 мин.)

  • Работа со картички, фотографии, ГИС слоеви
  • Идентификација на урбан појас, историско јадро, индустриски зони

Модул 6: Студија на случај: Будимпешта (90 мин.)

  • Економски коридор Дунав
  • Транспортна инфраструктура
  • Инвестициски и технолошки региони

Модул 7: Изработка на наставни материјали (60 мин.)

  • Подготовка на мини-проект за ученици
  • Разработка на наставна активност со теренски елементи

4. Очекувани резултати

  • Подобрена стручна компетентност на професорите
  • Усвоени техники за теренско истражување
  • Развиени наставни материјали и методи
  • Зголемена применливост на геоекономски анализи во наставата

5. Финансиски и логистички аспекти

  • Материјали за работа (карти, ГИС податоци)
  • Сертфикати за учество
  • Простор за изведба, техничка поддршка